Поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир тврди дека на Месечината живеат повеќе од 250 милиони вонземјани кои многу наликувале на луѓето. Под површината има големи лаборатории кои ги користат за истражување, а Земјата за нив претставува еден вид на затвор, пренесе xaluan.
„Сè што знаеме за Месечината е лага. Таа е создадена уште пред 40 милиони години во внатрешноста на Јупитер, а вакви планети како нашата има милијарда и тие ги користат како еден вид затвор“, смета Лир кој рече дека нема докази со кои може да ги поткрепи неговите тврдења.
За себе вели дека не е ентизујаист и класичен теоретичар на заговор и дека главно информациите ги добива од „Гугл“. Toj е добро познат контроверзен лик во заедницата на НЛО. Во 80-тите и 90-тите, има откритиено строго доверливи информации за вонземски активности.
Лир објасни дека луѓето во 40-тите и 50-тите години во минатиот век го користеле антигравитационото летало на Никола Тесла за да стигнат до сателитот на Земјата.
„Не можам да го докажам сето ова. Се плашам дека ако копам подлабоко на крајот би можел да завршам мртов. Но, ајде да размислиме логично. Да се прашаме зошто американската влада толку милијарди долари за истражување на Месечината“, рече Лир.кој е со интересна биографија.
Лир стекнал искуство во голем број мисии во Азија, Африка, Источна Европа и Блискиот исток, а во својата кариера има управувано со повеќе од 100 различни типови на авиони.
Освојувањето на Марс и Месечината е нешто во кое сакаат да бидат први голем број моќни земји како Јапонија, Кина, Америка, Русија. Сите тие се вклучени во таканаречената вселенската трка, а најмногу кои инвестираат во истражување на вселената се милијардерите Елон Маск и Џеф Безос.
НАСА по половина век повторно сака да испрати човек на Месечината.