Судот во Валенсија го осуди Енис Барди на четири месеци затвор

Судот во Валенсија го осуди Енис Барди на четири месеци затвор

пред 3 години

Судот во Валенсија го осуди македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди на четири месеци затвор и парична казна од 1.920 евра за возење со лажна возачка дозвола.

Обвинителот прво побарал казна затвор од шест месеци, но откако Барди ја призна вината, судијата се согласи да ја укине затворската казна и да ја смени со условна казна од две години со напомена да не стори ново кривично дело.

За потсетување, Барди во април минатата година за време на една рутинска контрола беше запрен од полицијата во Валенсија која утврдила дека неговата лична карта не е валидна.

 

 

 

Share
Scroll to Top