Никола Трпковски познат како Ninne, ја објави својата прва песна „Сада знам“. Тој сними и спот а премиерата ја имаше во „Интермецо“ бар.
Музиката е на Деки и на Иван Јованов од „Либеро Бенд“, а текстот е на раперката Дијана О.Г. Во спотот се слушаат и Иван Јованов и Антонија Гиговска. Спотот го сними режисерот Владимир Митревски Ѓуле.
За потсетување, Никола на публиката и е познат како водител на емисијата „Жешко столче“ која се снимаше во Скопје и Белград.