Среќен роденден љубави, уште многу нерви да нè издржиш: Тони Михајловски за својата Александра

Среќен роденден љубави, уште многу нерви да нè издржиш: Тони Михајловски за својата Александра

пред 3 години

Актерот Тони Михајловски објави љубовна фотографија со сопругата Александра за нејзиниот роденден. Таа полни 43 години, а актерот во роденденската честитка вели: „Среќен роденден љубави. Ти посакуваме многу здравје и уште многу родендени да славиме заедно. Секако и нерви за да нè издржиш нас, занесените уметници што секојдневно ти го разубавуваме животот. Биди ни жива здрава и насмеана“.

Тони и Сандра се 11 години во брак и го имаат синот Максим. Неодамна беа во Белград каде Тони треба да почне да снима серија за која уште не се официјално објавени деталите.

Лани во октомври Александра првпат прозборе за нејзината борба со ракот на матката. По превентивните хемотерапии вели дека се чувствува добро и е дека среќна што навреме го откриле.

 

Share
Scroll to Top