Чешка ги ублажува мерките – не е потребен сертификат за вакцинација

пред 3 години

Чешката Република ги олесни мерките за спречување на ширење на коронавирусот, така што веќе не е потребен сертификат за вакцинација за користење на одредени услуги и присуство на јавни настани, пишува Анадолија.

Од утре нема да има потреба од здравствени пропусници за влез во барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, како и спортски и културни настани.

Премиерот на Чешката Република Петр Фиала најави укинување на повеќе мерки против коронавирусот подоцна во февруари, во зависност од развојот на ситуацијата.

„Повеќето ограничувања ќе бидат укинати до 1 март“, рече Фиала.

Министерот за здравство Властимил Валек рече дека наместо 1.000, од ​​19 февруари до 5.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на концерти, спортски натпревари и други настани на кои седат посетители.

За останатите собири наместо 100 ќе биде дозволено присуство на 500 лица.

Чешката влада претходно го укина задолжителното тестирање за коронавирус во училиштата и компаниите.

Во оваа земја членка на Европската унија, која има 10,5 милиони жители, повеќе од 6,8 милиони луѓе се целосно вакцинирани, а бустер дозата ја примија околу 3,9 милиони жители.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка се пријавени 37.612 смртни случаи поврзани со коронавирус.

Share
Scroll to Top