Танчерка го тужи Снуп Дог дека ја присилувал на орален секс и ја понижувал

Танчерка го тужи Снуп Дог дека ја присилувал на орален секс и ја понижувал

пред 3 години

Танчерката која работела за Снуп Дог го тужи раперот за сексуално злоставување. Таа рече дека тој ја принудувал на орален секс и ја понижувал. Поденла тужба пред судот во Лос Анџелес во која наавела дека пејачот ја нападнал пред десетина години во еден клуб во Калифорнија.

Тврди дека менаџерот на Снуп Дог, Доналд Кембел ја однел во резиденцијата на пејачот против нејзина волја и дека таму ја нападнал и ја приморал на орален секс.

Потоа ја однел во студиот каде ја снимал својата телевизиска серија Snoop Dogg’s Double G News Network. Извор близок до пејачот тврди дека девојката намерно сега ја поднела тужбата, затоа што раперот треба да настапи на полувремето на „Супербол“, и на овој начин може да му наштети.

Таа пак тврди дека не го пријавила одма затоа што се плашела за својата работа. Вели дека неколку години работела за разни компании кои биле во сопственост или на некаков начин биле поврзани со Снуп Дог.

За потсетување, Снуп Дог и претходно беше тужен за слична работа, откако во 2003 година Кајли Бел го обвинила дека тој и неговите членови од обезбедувањето ја силувале.

Пред да го тужи, раперот поднел тужба против неа за изнуда. Бел подоцна се откажала, наводно затоа што паднал договор меѓу нив двајцата.

Share
Scroll to Top