Денеска, по долго боледување, од рак на белите дробови почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејчката Маријана. По тој повод, Росана, сестрата на Маријана, со емотивна објава се прости од него.
„Нашиот композитор, еден и единствен. Човек што ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат горе некаде нека компонираат, музицираат, бидејки музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него. Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина. Почивај во мир, мој Тоде“, напиша таа на „Фејсбук“.
Тоде ќе остане запаметен по неговите антологиски песни шот ги напиша за нив две, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“ и многу други. Тој лани во интервју за „Свет Австралија“ раскажа за својата двегодишна борба со ракот.
Почина композиторот Тоде Новачевски кој ги остави најубавите евергини на сите времиња