Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека конфликтот со Кина не е неизбежен, но дека САД мора да ги поддржат своите сојузници во создавањето систем заснован на правила, кој, како што тврди, е загрозен од кинеската агресија.
Блинкен рече дека непосредно пред средбата со министрите за надворешни работи на Австралија, Индија и Јапонија, земјите кои го сочинуваат индо-пацифичкиот блок се формирале со цел да се спротивстават на регионалното влијание на Кина, пренесува агенцијата АП.
На прашањето на новинарите дали конфликтот со Кина во Индо-Пацификот е неизбежен, Блинкен одговори: „Ништо не е неизбежно“.