Приведено лице од скопско по распишана потерница

пред 3 години

Синоќа во 18.45 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско.

За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна.

Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Share
Scroll to Top