100 дена ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем број општини. 100 дена во кои ВМРО-ДПМНЕ не сработи ништо за граѓаните ниту за општините, потенцираат во писмената реакција од владејачкиот СДСМ.
„Единственото нешто што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават се оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации. Граѓаните сведочат на неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош додека истовремено се вдомуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во општинските администрации.
Нивната неспособност постојано ја покрива Владата предводена од СДСМ. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо од тоа“, велат од партијата на власт.
Со нивната неспособност и неработа во првите 100 ден, нагласуваат од СДСМ, се докажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата.
Според оценките на СДСМ, Данела Арсовска е прв пример за неработа.
„Ништо не сработи во првите два и пол месеци освен што нивелираше шахта постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато. Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење. Ги излажа скопјани дека се исчистени депониите, а денеска нема општина без депонија. Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците најавуваат катастрофа во локалните политики, на штета на општините и граѓаните“, сметаат од СДСМ.