Димитар Петрулев, адвокат на велешанката Павлина Иловска, посочи дека таа се плаши за својот живот. Ова доаѓа откако полицаец од Велес, колега на покојниот партнер и се заканувал, а беше обзнането јавно.
“Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот”, посочи адвокатот.
Тој е задоволен од судската одлука, ослободителна за велешанката Пале.
“Врз основа на сите докази, донесена е законска одлука”, додаде тој.
Прашан како гледа на тоа дека ослободителната пресуда ќе биде обжалена: “Тоа е право на Обвинителството”, додаде тој.