Лондон се закани со санкции кон руските компании

пред 5 години

Британија би можела да ги блокира руските компании да собираат капитал на лондонската берза и да ги изложи нивните средства и имот што ги имаат во Лондон и на други места, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„ Она што го правиме е таргетирање на одредени руски банки, руски компании за да се осигураме дека се преземаат чекори, па дури и преземање дополнителни чекори со отворање на фасадите на рускиот имот или во овој град или на друго место… како и фасадите на компании во руска сопственост“, рече Џонсон.

Тој додаде дека пакетот мерки вклучува исто така и преземање чекори за спречување на руските компании да собираат капитал на лондонскиот финансиски пазар“, оценувајќи дека тоа е многу, многу тежок пакет.

Share
Scroll to Top