Полициски службеници во координација со Царинската управа денеска го привеле Ѓ.Ј. (41) од Неготино, кој во камион со неготински регистерски таблички превезувал тројца мигранти.
Мигрантите биле откриени при контрола во царински склад, по што возачот се дал во бегство, но по презмени мерки од полициските службеници бил приведен.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.