Шејн Ларкин од наредната сезона ќе игра за Реал

Шејн Ларкин од наредната сезона ќе игра за Реал

пред 3 години

Реал Мадрид постигнале договор со еден од најдобрите кошаркари на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, тврди „Мундо Депортиво“. Американецот со турски пасош, по завршувањето на сезоната, ќе биде слободен играч.

Според овој извор, договорот се уште не е постигнат, но дека преговорите се во завршна фаза. За да биде реализиран договорот, согласност треба да даде и Басконија, клуб за кој Ларкин настапуваше пред да се пресели во Истанбул.

Басконија поседува дел од правата врз договорот на Ларкин. Сепак како што пишува „Мундо Дерпотиво“, Реал и Басконија ќе постигнат договор од причина што клубот од Баскија има проблем со финансиите.

Ларкин оваа сезона, во Евролигата, има просек од 14,5 поени, 5,3 асистенции и 5,1 скок.

Share
Scroll to Top