Од утре скрининг за Ковид – 19 во основните училишта

пред 3 години

Утре почнува тестирањето за Ковид – 19 на учениците во основните училишта.

Целта е да се увиди причината за зголемените бројки на заразени школски деца.

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести извести дека алармот во основните училишта е вклучен поради зголемениот број заразени ученици, но состојбата се уште не е алармантна.

„Внимателно ја следиме состојбата во училиштата, одлучивме да почне скринигот при самиот почеток на трендот на покачување на бројките. Утре ќе имаме информации во кои училишта ќе се прави скринигот, потребна е согласност од родителите дека детето може да биде вклучено во скринингот“, рече портпаролот Мехмедовиќ кој очекува преку скринингот да се додје до реалната состојба за трансмисијата на вирусот во училиштата.

За да го направи тестирањето подостапно, а воедно и да им излезе во пресрет на родителите, Комисијата одлучила скринингот да се прави во училиштата.

„Скринингот ќе се одвива во училиштата. Родителите кои денес добиле изјава за согласност дека се согласни нивните деца да бидат тестирани со брз тест нема потреба да ги носат во центрите како што претходно најавивме. Измената е со целда ги направиме тестовите подостапни“, рече претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Од Комисијата известија и дека од денес на страницата на Министерството за здравство е поставено упатство за лекување Ковид – 19, начин, на кој сметаат дека ќе биде достапно на сите лакари.

Share
Scroll to Top