82-годишен скопјанец пронајден починат во изгорена куќа

пред 5 години

Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Нова Брезница, скопско.

Во пожарот куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По наредба на Jавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top