Пендаровски ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, од 18 до 20 февруари 2022 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција.

На конференцијата е најавено учество на повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на релевантни меѓународни организации.

Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

Во фокусот на разговорите ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

Share
Scroll to Top