Утрово во Загреб на 23 години почина популарната тиктокерка Дијана Де Марко. Иако нема официјална потврда за причината за смртта, хрватските медиуми пишуваат дека таа починала во сон.
Дијана, која е родена во Пожега, имаше преку 120.000 следбеници на Тик-ток и важеше за една од најпопуларните млади инфлуенсерки во Хрватска.
По нејзината смрт, пријателите и фановите со неверување се простуваат од неа на социјалните мрежи.
„Сè што имам да кажам е дека животот е непредвидлив. Се случуваат убави и лоши работи. Едноставно сакам да ѝ се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Имам потреба да ви кажам дека повеќе ја нема. Жално е што млади луѓе го напуштаат овој свет. Почивај во мир“, објави нејзиното поранешно момче Паоло Фанизи, попознат како Фазо.