Започна дијалогот за новата методологија која ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите. Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека се создава систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја како што тоа беше во минатото.
Тасевска истакна дека Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за пензионерите.Пензискиот фонд е стабилен и во време на криза пензиите се исплаќаат предвремено.
Дијалогот со сите засегнати страни продолжува со цел да се дојде до најиздржано решение во интерес на пензинерите.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за сите граѓани, изјави Тасевска.