Германскиот канцелар Шолц: Путин постојано ми ја споменува поранешна Југославија

пред 3 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц во саботата ја предупреди Русија дека воениот напад врз Украина ќе има тешки последици за Кремљ.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција за актуелните односи со Русија и аргументите на Москва за настаните во Украина, тој рече дека рускиот претседател постојано му ја споменувал поранешна Југославија.

Шолц рече дека Русија нема потреба да се плаши за сопствената безбедност, ниту од заканата од НАТО, ниту од заканата од ЕУ, бидејќи тие не се закана.

– Сигурен сум дека не го поканивме Путин да го направи тоа што го прави. Да бидам јасен, НАТО не е агресивен, не треба да се грижите, ЕУ не е агресивна, не треба да се грижите. Тој го тврди спротивното, но на крајот од наша гледна точка секогаш е така. Секогаш кога ќе му го кажам ова, тој секогаш го користи аргументот за конфликтот во поранешна Југославија и вели дека НАТО таму бил агресивен и дека ги повредува луѓето кои не направиле ништо лошо – рече Шолц, додавајќи:

– Му одговарам дека тоа е геноцид што се обидовме да го спречиме и дека не треба да заборави дека луѓето од Западен Балкан сакаат да станат членки на ЕУ и дека не гледаат така на оваа ситуација. Затоа имаме различни мислења. И тогаш почнува да зборува за нешто што го нарекува геноцид во Донабас, што е смешно – истакна Шолц како одговор на прашањето на поранешниот американски сенатор Либерман.

Share
Scroll to Top