Последните сателитски снимки покажуваат дека има ново распоредување на оклопна опрема и руски војници на неколку локации во близина на границата со Украина.
Тие снимки вчера ги објави американската компанија „Максар Технолоџис“, која со недели ја следи акумулацијата на руските сили, пренесува „Ројтерс“.
Новата активност е забележана откако Русија ги продолжи воените вежби во Белорусија, иако тие требаше да завршат во недела. Ова само го засили стравот кај западните сили од непосредната руска инвазија на Украина.
Новата активност претставува промена на шемата на претходно забележаното распоредување на борбени групи, тенкови, оклопни транспортери, топови и опрема за поддршка, се наведува во соопштението на „Максар“.