Приведен криминалец баран со централна потерница

пред 3 години

Денеска околу 11 часот во Шуто Оризари е приведен 44-годишен скопјанец, баран со централна потерница.

Според информациите, Н.А. бил баран за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.