Ковачевски: Признавањето на Донецк и Луганск е директен напад врз суверенитетот и интегритетот на Украина

пред 3 години

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

„ Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“ напиша Ковачевски на Твитер.

Share
Scroll to Top