Растот на кинеската мрежа „Тикток“ е причина за падот на бројот на корисници и вредности на акции на „Фејсбук“ матичната компанија на „Мета“ во сопственост на Марк Цукенберг пренесоа светските медиуми.
Иако имаше информации дека „Мета“, компанијата под чија закрила работи „Фејсбук“, би можела да го напушти пазарот на ЕУ поради заобиколување на прописите за користење на лични податоци, од компанијата тврдат дека немаат намера да го напуштат пазарот на ЕУ.
Во соопштението до јавноста тие јасно кажаа дека корисниците на „Фејсбук“ во Европа можат да бидат смирени. Но, вистината е дека секој ден тие имаат сè помалку кориници. Од своето основање, оваа мрежа бележеше константен раст на бројот на коросници, но овој пат не е така.
Имено, „Фејсбук“ неодамна објави дека бројот на активни корисници на дневна основа им опаѓа веќе три месеци, па во светот се појавија наслови дека оваа мрежа им здосадила на корисниците.
Сепак се чини дека сè повеќе се шират приказни дека ова е спонзорирано со појавата на глобалната хит мрежа „Тикток“. Тоа е нешто што го спомна и самиот Цукенберг. А што треба да знаеме за мрежата која се заканува дека ќе го скрши „Фејсбук“?
„Тикток“ е во рацете на Кинезите. Настанал така што компанијата ByteDance, со седиште во Пекинг, ја купила апликацијата за синхронизирање на усните со музика во позадина. Истата ја преименувала во 2018 година. Оттогаш бројката на корисници пораснала за двојно повеќе.
Карантинот кој беше воведен на глобално ниво, уште повеќе ја зголеми бројката на корисници на оваа мрежа. Иако на почетокот важеше за мрежа наменета за младите генерации, со просечни корисници кои имаат помалку од 24 години, сега истата ја користат и постарите.
Голем број светски ѕвезди како американскиот водител Џими Фелон и глумецата Риз Витерспум имаат официјални профили на оваа мрежа. Алгоритамот е едноставен. Корисниците се трудат да снимат што повеќе забавни клипови кои треба да стигнат на таканаречената „страница за тебе“, For You Page .
„Тикток“ си има и свои ѕвезди. Една од нив е актерката Адисон Реј. Најгледаните на оваа мрежа се поканети и на голем број глобални настани во САД, како што е „Мет Гала“.
Но, оваа мрежа ја следат и голем број контроверзи. Родителите се загрижени поради опасните предизвици кои се појавија на неа. Неодамна компанијата Url genius објави студија според која оваа компанија споделува повеќе кориснички податоци со трети страни од другите.
Бројни се и контроверзите на тема колку оваа мрежа може да заработи. Нејзините ѕвезди сега заработуваат преку гифови кои нивните следбеници им ги испраќаат за време на вклучувањето во живо. Подароците се купуваат со пари директно на апликацијата.
Јавна тајна е дека „Тикток“ зема 50 проценти од вредноста на подарокот. Правилото е дека подароците можат да се купуваат и да се испраќаат само лица над 18 години.
Моментално нема реклами на оваа мрежа, но се повеќе компании тоа го сметаат како еден вид на форма на промоција, а предничат авиокомпаниите како WizzAir и Ryanair, чии профили се многу популарни на „Тикток“.