Кривична за охриѓанката која повика да се запалат Евреите сосе хотел

пред 3 години

Охридската полиција ќе поднесе кривична пријава за 38-годишната охриѓанка (В.С.) која повика на палење на Евреите кои престојуваат во Охрид.

Како што информираа од МВР, при разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала.

„Денеска (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ“, велат од МВР.

Полицијата уште вчера, доцна попладнето, започна со преземање на активности за да ја пронајде охриѓанката, а откако таа напиша: „Море не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.

Ова е прва реакција и кривична пријава откако Евреите, кои во Македонија ги нарекуваат „сектата Лев Тахор“, се прогонувани во Куманово, Скопје и Охрид. Дел од видеата кои се објавувани од нив по социјални мрежи иако ти барале да не бидат снимани – сега се избришани. Во сите три градови каде престојуваа, тие се непожелни гости. На социјалните мрежи постојат заговори за нивната религија, кои се непотврдени.

Share
Scroll to Top