Mнозинството Германци се против испораката на оружје во Украина

пред 3 години

Mнозинството Германци се против испораката на оружје во Украина, а добар дел сакаат поранешната канцеларка Ангела Меркел да ја преземе улогата на посредник во конфликтот меѓу Украина и Русија, објавија германските медиуми.

68 отсто од анкетираните се против испораката на германско оружје во Украина, а само 22 отсто се за тоа, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот „Инса“ за дневниот весник „Билд“.

Според истата анкета, 43 отсто од испитаниците сакаат економски санкции против Русија, 25 отсто дипломатски и само седум отсто воени.

Во исто време, 64 отсто од испитаниците не се подготвени да платат повисоки цени, како што е гасот, поради санкциите.

Кога станува збор за улогата на германските политичари во конфликтот во Украина, Германците веруваат дека поголема улога би можеле да одиграат поранешната канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот претходник Герхард Шредер.

51 отсто од анкетираните веруваат дека Меркел би можела да биде посредник меѓу руското и украинското раководство, а 46 отсто сметаат дека улогата би можел да ја преземе Герхард Шредер, кој е познат како пријател на Владимир Путин.