Холандски гинеколог им ја вшприцувал својата сперма на пацинетките, па станал татко на 17 деца

пред 4 години

Гинеколог од Холандија цели 13 години со својата сперма вештачки оплодувал жени кои мислеле дека донаторот е анонимен, и така станал биолошки татко на 17 деца, соопшти денеска болницата каде што работел.

Јан Вилдшут, кој сега е починат, работел во болница во градот Своле, на северот на Холандија, од 1981 до 1993 година. Најмалку 17 деца биле зачнати со вештачко оплодување oд спермата на докторот, кој инаку бил семеен човек и имал свои деца, изјавија од болницата, осудувајќи ја неговата практика како „морално неприфатлива“.

Институцијата, која порано се нарекувала „Софија“, не ја исклучи можноста Вилдшут да е биолошки татко на повеќе деца.

Болницата, која дознала за бизарната навика на својот лекар на крајот на 2019 година, одлучи јавно да соопшти за случајот, со согласност на неговото семејство и децата родени под негов надзор.
Постапките на лекарот биле откриени случајно, кога едно од децата открило дека има слична ДНК како внукот на гинекологот, кој починал во 2009 година.

Share
Scroll to Top