Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира земјотрес во 15 часот и 1 минута чиј епицентар се наоѓа на 125 километри јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.
„Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда ML3,8 а беше најсилно почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала“, информираа надлежните.
Додаваат дека според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети.