Макрон одвоено разговарал со Путин и Зеленски, инсистирал на прекин на огнот

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон одвоено разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, јавува Си-Ен-Ен.

Разговорот со Путин траел час и половина, соопшти Елисејската палата.

Макрон рекол дека инсистира на потребата да се примени итен прекин на огнот.

Решението за Украина е можно само ако се земе предвид интересот на Русија, му рекол Путин на Макрон, пишуваат агенциите.

Share
Scroll to Top