Лукашенко: Белорусија нема да се приклучи на инвазијата

пред 3 години

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави за државните медиуми дека неговите сили нема да им се придружат на руските војници во инвазијата на Украина, пишува Би-Би-Си.

Лукашенко, кој е близок соработник на Владимир Путин, рече дека „белоруската армија не учествува во воени акции и никогаш не учествувала“.

-Можеме да му докажеме на секого. Згора на тоа, руското раководство никогаш не ни го покрена ова прашање – нашето учество во вооружениот конфликт. И ние немаме намера да учествуваме во оваа специјална операција во Украина во иднина. Нема потреба од ова – рече тој.

Во понеделникот се појавија стравувања дека Лукашенко се подготвува да испрати воени сили да се приклучат на нападот на Киев.

Share
Scroll to Top