ОН: Во Украина убиени 136 цивили, меѓу кои 13 деца

пред 3 години

Најмалку 136 цивили загинаа, меѓу кои 13 деца, додека 400 се повредени од почетокот на руската воена интервенција во Украина, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.

„Вистинскиот број е веројатно многу поголем“, рече портпаролката Лис Тросел на брифингот, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека 253 лица загинале во самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск.

Share
Scroll to Top