Најмалку пет луѓе загинале, а пет се повредени во бомбардирањето на телевизиската кула во Киев, пренесува агенцијата Интерфакс.
Би-би-си пак пренесува изјави на украинските власти кои исто така зборуваат за петмина загинати.
На Твитер се појавија неколку снимки направени по бомбардирањето на ТВ кулата. Некои од нив, кои ги објавија и украинските власти, покажуваат мртви цивили на улиците.