Објавено е видео на кое се гледа дека руските војници влегле во Керсон

пред 3 години

Русија тврди дека нејзините војници ја презеле контролата врз пристанишниот град Керсон на Црното Море.

Окупирањето на градот би било многу значајно, вели воениот експерт Џек Ватлинг – од Кралскиот институт за Обединети услуги – затоа што има стратешка позиција на реката Днепар што ја дели Украина.

„Кога Русите ќе почнат да ги окупираат овие клучни градови долж Днепар тие ќе можат да го спречат движењето на залихите од запад кон исток за снабдување на украинските воени единици кои се борат во областите на операциите на заедничките сили околу Донбас“, објасни Ватлинг.

Додека Русите упорно тврдат дека го зазеле Керсон, Украинците тоа го демантираат, но на видео објавено на Јутјуб, а кое го објави и Би-Би-Си, се гледа руската војска во центарот на градот.

Снимен е и тенк во центарот на Керсон, додека војниците носеле бели ленти на рацете.

Share
Scroll to Top