Царинска управа: Илегалната трговија со фалсификувани и пиратски стоки предизвикува значителни штети

пред 3 години

Царинската управа од денес во Скопје е домаќин на тридневна работилница како дел од подготвителните активности на операцијата „Balkan Gate2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка, на која учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Косово, Малта и Романија, како и високи претставници на Светска Царинска Организација, ЕУРОПОЛ и Јапонската фондација за царинска соработка.

Операцијата ,,Balkan Gate 2” опфаќа откривање и спречување на трговија со фалсификувани и пиратски производи, истовремено фокусирајќе се и на сите стоки што можат да претставуваат закана за здравјето и безбедноста на потрошувачите.

На работилницата обраќање имаше и директорката на Царинската управа Славица Кутиров, која истакна дека илегалната трговија со фалсификувани и пиратски стоки предизвикува значителни штети, како што се губење на буџетски приходи, нелегална конкуренција и загрозување на здравјето на граѓаните во случај на нелегална трговија со лекови и други производи со сомнителен квалитет.

Оваа операција има големо значење и треба да помогне на надлежните истражни и инспекциски органи подобро да ги разберат ризиците и начините на функционирање на нелегалната трговија, што во иднина ќе овозможи подобри стратегии за заштита на правата на интелектуална сопственост и управувањето со овие ризици.

Share
Scroll to Top