Глобалното единство на НАТО и другите земји има за цел да го повика претседателот Путин на одговорност, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, наведувајќи го воведувањето санкции и други најавени потези, пренесува Си-Ен-Ен.
„ Рубљата нагло падна, тие ја држеа берзата затворена и веќе ги гледаме последиците“, рече таа, посочувајќи на воената и безбедносната помош што САД и ја даваат на Украина.