Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, но за време на борбите меѓу руските и украинските сили кои траеја во текот на ноќта, административната зграда околу електраната се запали.
Украинските власти за тоа ја обвинија руската армија, велејќи дека ја гранатирале електраната, а украинскиот претседател Зеленски состојбата ја нарече нуклеарен терор.
Но Русите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинците. Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот околу електраната и го нарече „монструозна провокација“.
Претставници на руското Министерство за одбрана, исто така, изјавија дека нуклеарната централа сега е под нивна контрола и работи нормално.