Националната опера и балет ги откажа руските романси, по бурните реакции на јавноста

Националната опера и балет ги откажа руските романси, по бурните реакции на јавноста

пред 3 години

Рециталот „Вечер на белканто и руски романси” кој требаше да се одржи вечерва е откажан, соопшти Националната опера и балет. Оваа одлука следи по бурните реакции во јавноста кои се појавија синоќа на социјалните мрежи поради руската агресија врз Украина.

Концертот бил на студенти, а бил откажан во договор со организаторот, директорот Васко Ристов.

„Ја почитуваме Резолуцијата што ја донесе Собранието на Република Северна Македонија и немам што повеќе да додадам”, изјави Ристов за Нова ТВ, без да наведе друг датум за негово одржување.

Режисер на рециталот е Дејан Прошев, а пијано придружбата требаше да биде на Андреј Наунов.

Меѓу делата што беа подготвени за изведување имаше дела на Перголеси, Скарлати, Белини, Чајковски и Дворжак.

Закажаниот рецитал предизвика бројни реакции бидејќи се работеше за дела на руски автори во момент кога светот во знак на поддршка за Украина ѝ наметна санкции на Русија кои опфаќаат економски, комуникациски и културни мерки.

 

Share
Scroll to Top