Популарниот американски водител и шоумен, Џери Спрингер искрено зборуваше за неговото телевизиско шоу. Тој рече деа е свесен дека било необично, но не жали за ништо што направил во него.
„Никогаш тоа шоу не го сваќав сериозно. Отсекогаш знаев дека е глупо, но на луѓето им се допадна и на нас ни беше забавно“, рече тој за Page Six.
Спрингер објасни дека се на се, шоуто било безопасно.
„Тоа шоу нема да го спаси светот, но, нема да и да убие никого“, рече тој.
Џери Спрингер шоуто се емитуваше на 27 сезони и имаше речиси 5000 епизоди. Се емитуваше од 1991 до 2018 година. На почетокот во фокус беа политичките проблеми, но брзо потоа доаѓаа и гости кои ги раскажуваа своите приказни. Она што го прослави ова шоу беа физичките пресметки меѓу гостите.
Спрингер нагласи дека шоуто имало еден вид на демократска црта затоа што на телевизија се прикажуваа реалните лроблеми на луѓето кои не живеат во најдобри услови.
„’Сајнфилд’, ‘Фрејзер’, ‘Пријатели’, сите тие беа убави луѓе кои припаѓаа на високата средна класа. И оддеднаш дојде моето шоу кое беше целосна спротивност на нив“, рече Спрингер.
Тој вели дека е горд на себе затоа што на телевизија ги покажуваше луѓето онакви какви што се и какви што можело да се видат само во весниците или на улица. Откако шоуто му заврши тој почна да снима други „Судијата Џери“, кое веќе се емитува третата сезона.