Советник на претседателот на Украина: Третата рунда разговори најавена за викенд

пред 3 години

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека третата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да се одржи на 5 или 6 март.

Подољак објасни дека во Белорусија се водат преговори, бидејќи руската страна отфрла која било друга земја како посредник.

„Можеби подоцна тоа ќе биде друга земја, Турција или Унгарија, или Полска, на пример, бидејќи Белорусија се користи како отскочна даска за напад на нашите градови“, посочи тој.

Share
Scroll to Top