Сергеј Никифоров, прес-секретарот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека дел од ракетата паднала во дворот на летната резиденција на Зеленски.
Никифоров на Фејсбук објави фотографии од дворот на летна резиденција лоцирана во близина на Киев. На фотографиите се гледа неидентификуван метален предмет.
Тој смета дека тоа е најверојатниот фрагмент од ракетата.
– Дел од ракетата падна во дворот на претседателската резиденција во Конча Заспа – напиша Никифоров.