Украинската служба за итни случаи соопшти дека руски авион бил соборен во предградието на градот Чернихив во северна Украина. Веќе една недела низ градот се водат жестоки борби.
Авионот паднал во станбена зона, јави службата. Падот на авионот предизвикал пожари во четири семејни куќи.
A Russian aircraft was also shot down over Chernihiv today. It looks like a Su-30SM. https://t.co/pVGyQM1pPp pic.twitter.com/l8yoCupVhP
— Rob Lee (@RALee85) March 5, 2022
На социјалните мрежи се прошири и видео од срушениот авион, чија автентичност се’ уште не е потврдена.
Во последните 24 часа 17 лица загинале во руското гранатирање во оваа област, јави службата, додавајќи дека уште едно лице загинало во пожарот.