СЗО: Нападнати неколку болници во Украина

пред 3 години

Светската здравствена организација (СЗО) потврди неколку напади врз здравствени центри во Украина кои резултирале со повеќе смртни случаи и повреди, изјави шефот на СЗО.

Се истражуваат дополнителни извештаи, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на Твитер.

„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право“, додаде тој.

Share
Scroll to Top