Делегацијата на Украина тргна со хеликоптер кон Белорусија на преговори со руската делегација, објави советникот на Зеленски, Михаил Подољак. Тој напиша дека разговорите ќе се оржат во 16 часот.
Претходно и руската страна информираше дека пристигнала во градот Брест, каде треба да се одржи третата рунда преговори.
Првите две рунди преговори се одржаа на територијата на Белорусија на 29 февруари и на 3 март.