Трип-хоп легендата Tрики ја прекина европската турнеја и нема да настапи во Скопје

Трип-хоп легендата Tрики ја прекина европската турнеја и нема да настапи во Скопје

пред 3 години

Трики, еден од пионерите на трип-хоп музиката ги откажа сите преостанати концерти од европската турнеја, па нема да пее ни во Скопје на 12 мај. Турнејата ја почна по излегувањето на неговиот 14. студиски албум Fall to Pieces во 2020, снимен по трагичната смрт на ќерка му Мина Мејзи, која изврши самоубиство во 2019 година.

Музичарот ги откажал концертите од лични причини, велат од „Пасворд продукција“, која го организира концертот.

Британскиот музичар требаше да пее во Скопје лани во октомври, но тој концерт беше откажан поради пандемијата. Трики веќе гостуваше во Скопје во декември 2014 година на „Таксират“ на Сајмиште.

Share
Scroll to Top