Пакистан до Западот: Ние не сме ваши робови кои ќе прават што и да кажете

пред 3 години

Пакистан го отфрли барањето на Западот да ја осуди руската акција во Украина, а пакистанскиот премиер Имран Кан им кажа на западните дипломати дека Пакистанците „не се нивни робови“.

„Што мислите за нас? Мислите дека сме ваши робови кои ќе направат што и да им кажете?“, револтирано одговори пакистанскиот премиер. Имран Кан потсетува дека последниот пат кога Пакистан ги поддржа активностите на САД и НАТО во Авганистан, земјата беше преплавена со бран насилство и незадоволство.

Според Тајмс, амбасадорите на 22 земји претходно објавиле заедничко писмо во кое бараат од Исламабад да ја поддржи резолуцијата на ОН со која се осудува руската акција во Украина. Наводно, Индија, Шри Ланка и Кина, исто така, биле воздржани од гласањето во Генералното собрание на ОН.

Сите американски амбасадори ги убедуваат државите да се приклучат на санкциите против Русија, изјави заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

Share
Scroll to Top