Само што заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба.
Двајцата министри се сретнаа во Анталија, Турција, каде што разговараа за повеќе теми, вклучително и можната средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски.
По средбата се очекува министрите да одржат одделни прес-конференции.
Кулеба рече дека преговорите со Лавров биле тешки.
Средбата на двајцата министри траеше час и половина.
Кулеба рече дека разговарале за хуманитарни коридори и прекин на огнот, но не бил постигнат договор.
На средбата Лавров рече дека е подобро да има студен мир отколку студена војна.