Европската иднина на земјите од Западен Балкан е главен приоритет на Германија, но и за мене лично, изјави шефот на германската дипломатија Аналена Бербок.
„Европа се соочува со катастрофата на војната. Верувам дека многумина, кога ќе ги погледнат сликите на Киев и Мариупол, се сеќаваат на сликите од 1990-тите, а тие слики силно ја одбележаа мојата генерација“, рече шефот на германската дипломатија.
Слободата и мирот се единствениот пат, а Европа е куќата што треба да се обезбеди, изјави таа во Сараево.
„Наша историска одговорност е да обезбедиме мир“, рече таа.
Додаде дека Германија за прв пат воведе специјален пратеник за Западен Балкан.