Формиран Градскиот штаб за заштита и спасување

пред 3 години

На денешната седница Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за формирање на Градскиот штаб за заштита и спасување, чиј командант според закон е градоначалникот на Град Скопје.

Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира активностите во областа на заштитата и спасувањето на своето подрачје, а општините од Градот Скопје се должни да соработуваат и постапуваат по насоките од Градот Скопје.

Во рамките на својата надлежност Градскиот штаб за заштита и спасување се формира за координирање активности за заштита и спасување на подрачје на градот Скопје, во врска со природни непогоди и други несреќи. Градскиот штаб за заштита и спасување ќе координира активности и ќе биде спремен да институционално да делува во услови на природни непогоди и други несреќи.

Во рамки на Градскиот штаб за заштита и спасување избрани се и извршители на административно технички и оперативни работи, со цел подготвеност на градот да реагира навремено во интерес на граѓаните

Share
Scroll to Top