Во своето денешно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика украинските партнери ширум светот да донесат решенија засновани на реалноста, а не на апстрактни мислења. Тој рече дека Русија сака да го понижи украинскиот народ и да го натера да клекне и да моли за да леб и вода.
„Ние не станавме робови и никогаш нема да станеме – затоа што ова е нашиот дух и ова е нашата судбина“, нагласи Зеленски.
Гледајќи напред, изјави дека по војната се’ ќе се обнови според највисоките стандарди и дека владата веќе размислува за обновата.
„Нема да има трага од руската инвазија“, додаде тој.