Путин: Има напредок во преговорите со Украина

пред 3 години

Руско-украинските преговори се водат практично секој ден и во нив е постигнат одреден напредок, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

– Сигурно ќе ве информирам за ситуацијата во врска со Украина, пред се за напредокот на преговорите кои сега се одржуваат речиси секој ден. Има одредени позитивни придвижувања, судејќи според она за што ме информираа нашите преговарачи – рече Путин, а пренесе руската агенција ТАС С.